Политика за животна средина и социјални аспекти на Халкбанк
Политиката за животна средина и социјалните аспекти ја претставува посветеноста на Халкбанк за обезбедување услуги засновани на принципите на еколошка и општествена одговорност. Халкбанк ја препознава важноста и релевантноста на управувањето со социјалните и еколошките ризици во финансиските институции и е посветена на имплементација на Системот за управување со животната и социјалната средина (СУЖС) во согласност со македонските и меѓународните стандарди за животна средина, социјални стандарди, стандарди за здравје и безбедност.
Во таа насока, Халкбанк е посветена на идентификување, спречување и ублажување на сите краткорочни, среднорочни и долгорочни социјални и еколошки ризици поврзани со нејзините деловни активности.
За да го постигне ова, Халкбанк настојува и се стреми да:
- Воведе, имплементира, континуирано го следи, разгледува и подобрува СУЖС во согласност со националните и меѓународните стандарди;
- Помогне на своите клиенти во идентификување, спречување, ублажување и управување со еколошките и социјалните ризици;
- Финансира инвестиции кои не се на листата за исклученост на Халкбанк и кои се во согласност со важечките македонски еколошки и социјални регулативи, и онаму каде што е применливо, релевантните најдобри меѓународни практики;
- Ги промовира принципите на заштита на животната средина и социјални аспекти, човековите права, фер третман и пристојна работа, недискриминација, родова еднаквост и еднакви можности, меѓу вработените, клиентите, партнерите и другите засегнати страни;
- Обезбеди транспарентност во сите активности на Халкбанк во однос на еколошките и социјалните прашања;
- Обезбеди дека менаџментот, вработените и другите засегнати страни на Халкбанк ги разбираат и применуваат заложбите за еколошка и социјална одржливост на Халкбанк;
- Ја достави оваа Политика до сите внатрешни и надворешни чинители на Халкбанк.