ПОДДРШКА ЗА СПОРТОТ И КУЛТУРАТА
Во рамки на својата стратегија за одржливост, Халкбанк АД Скопје континуирано вложува во иницијативи што го унапредуваат квалитетот на животот, го поттикнуваат здравиот дух и придонесуваат за развој на културните вредности во општеството. Преку поддршката на спортот и културата, Халкбанк не инвестира само во настани, туку во вредности што траат, здравје, тимски дух, дисциплина, талент, креативност и национална гордост. Со ваквите партнерства банката создава позитивно влијание денес, но и гради посилна, покреативна и поодржлива иднина за генерациите што доаѓаат.
ПОДДРШКА ЗА СПОРТОТ
Халкбанк е долгогодишен партнер и еден од клучните поддржувачи на македонскиот ракомет. Кон крајот на 2025 година со потпишување на договор со Ракометната федерација, соработката беше официјално продолжена и за 2026 година, со што банката ја потврди својата посветеност кон националниот спорт. Посебно значајно место во спортските активности има и традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10 километри, еден од најмасовните рекреативни спортски настани во земјата каде банката и лани беше насловен спонзор. Преку ова партнерство, Халкбанк ги мотивира граѓаните кон активен и здрав животен стил, а истовремено ја промовира и грижата за животната средина преку платформата ХалкЕко. Во 2025 година Банката повторно беше организатор на шестата по ред традиционална хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин, која секоја година се одржува на 8 септември во Маврово каде љубителите на велосипедизмот се натпреваруваат, дружат и забавуваат. Како и секоја година, котизациите за учество беа искористени за пошумување и набавка на нови садници. Банката беше присутна и во промоцијата на спортски настани и активен животен стил преку различни партнерства и наградни кампањи, меѓу кои и кампањата со Visa што овозможи присуство на Formula 1 трка во Будимпешта.
ПОДДРШКА ЗА КУЛТУРАТА
Халкбанк АД Скопје е и еден од најголемите корпоративни поддржувачи на културата во Северна Македонија, со континуирани инвестиции во институции, уметници, фестивали и современи креативни проекти, што го потврдува преку слоганот „Важна е културата“. Најзначаен исчекор во 2026 година е партнерството со Македонскиот народен театар, каде Халкбанк стана главен годишен партнер. Со оваа соработка банката директно придонесува за развојот на театарската уметност и поддршка на една од најзначајните национални културни институции. И во 2025 година Халкбанк продолжи да биде еден од клучните поддржувачи на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Банката веќе неколку години по ред се јавува како еден од главните партнери на овој реномиран фестивал во Битола, негувајќи ја филмската уметност и традиција. Халкбанк е долгогодишен пријател и на фестивалот Beach Film Festival во Охрид, кој го негува новиот европски филм во уникатен амбиент покрај езерото, па а и во 2025 година беше поддржана реализацијата на осмото издание на фестивалот преку различни активности. Во делот на музичката сцена, банката ја продолжи и соработка со македонската музичка дива Калиопи. По спонзорството на големиот концерт, одржан во октомври 2024 година во Арена „Борис Трајковски“, лани беше поддржана и нејзината есенска концертна сезона, која вклучуваше серија од четири распродадени акустични концерти во Македонската филхармонија. На Халкбанк во март 2025 година и беше доделено признание за проектот „Трајни културни вредности“ кој беше прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година. Оваа награда ја потврди долгорочната посветеност на банката кон зачувување и промоција на македонското културно наследство. Банката ја поддржа и манифестацијата СинтЕЗа, мултимедијален настан што обединува млади уметници од седум различни факултети, создавајќи простор за нови идеи, интердисциплинарна соработка и современ уметнички израз. На Socialize Festival 2025, банката освои награди за дигитален дизајн и маркетинг видеа, што ја потврдува нејзината ориентираност кон современата дигитална култура, креативните индустрии и иновативната комуникација. Дополнително, преку својата стратегија за општествена одговорност, Халкбанк редовно откупува дела од домашни автори, вклучително и фотографии од Фото сојузот на Република Северна Македонија,