ХАЛКБАНК А.Д. Скопје – БАНКА НА ЛУЃЕТО

Халкбанк е еден од најголемите и најбрзорастечки брендови на македонскиот финансиски пазар, кој обезбедува:

Работни места за над 830 вработени.

Широка мрежа од 47 филијали и бројни банкомати и ПОС-терминали.

Услуги за илјадници граѓани, мали, средни и корпоративни претпријатија, како и јавни институции.

Лидерство во персонализирани банкарски услуги и иновации преку современа дигитална платформа.

Визија

Да бидеме водечка банка во регионот, препознаена по универзалното банкарство и силното присуство во услугите за населението.

Мисија

Да создаваме вредност за клиентите, акционерите и вработените, истовремено придонесувајќи за развојот на банкарскиот сектор и општеството. 

Насоченост кон клиентите

Сигурност и доверба

Интегритет и транспарентност

Иновативност и персонализација

Општествена одговорност и грижа за животната средина

Слоган

Важни се луѓето.

Со посветеност на квалитет, иновации и одлична услуга, Халкбанк продолжува да биде банка за луѓето и заедницата.

ХАЛКБАНК ТУРЦИЈА – над 85 години лидерство и поддршка на економијата

ХАЛКБАНК ТУРЦИЈА – над 85 години лидерство и поддршка на економијата

Основана во 1938 година, Халкбанк е создадена за поддршка на занаетчии, трговци со цел забрзување на економскиот развој. Со текот на времето, се етаблира како стабилен, реномиран и пионерски бренд во Република Турција.

Со повеќе од 85 години искуство, банката останува лидер во развојот на турскиот банкарски сектор и ја продолжува својата мисија за поддршка на реалниот сектор. Таа нуди уникатно банкарско искуство преку широка мрежа од над 1.000 филијали во Турција и повеќе од 4.000 банкомати, дополнети со современи интернет и мобилни банкарски услуги.

Со стратегија насочена кон клиентите, Халкбанк обезбедува финансиски решенија за трговци, земјоделци и сопственици на мали, средни и големи бизниси, прилагодени на нивните потреби во секое време.

2024

Старт-ап поддршка

Во 2024 година, за прв пат во земјата, Халкбанк понуди финансирање на старт-ап компании преку понуда на финансиски Старт-АП пакет.

Еден милион садници за пет години

Во рамките на корпоративната општествена одговорност (CSR), под капата на ХалкЕко платформата, Халкбанк ја започна иницијативата „Еден милион садници за пет години“ во партнерство со ЈП Национални Шуми.

Best csr bank macedonia 2024

Банката доби признание за најдобра банка за општествена одговорност во Македонија за 2024 (Best CSR Bank Macedonia 2024) од страна на Global Banking Review, што ја потврдува посветеноста на банката кон корпоративната општествена одговорност, поддршката на заедницата и иницијативите за одржлив развој.

поддршка на женското претприемништво

Платформата „Фустани со џебови“ со која се дава поддршка на женското претприемништво, беше избрана за една од најдобрите општествено одговорни практики од страна на Американската стопанска комора (AmCham) во рамките на проектот Partnership 4 Giving.

Најдобра банка за население

Од Global Banking Review банката беше признаена и за најдобра банка за население за 2024 година.

Фер финансиски услуги за потрошувачите

Од Организацијата на потрошувачите на Македонија повторно беше добиен сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ со што уште еднаш се потврди дека банката е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за нивното задоволство во сите области на своето работење.

Маркетинг награди

Препознатливиот бренд Халкбанк и неговата креативна комуникација беа наградени и на неколку регионални и светски маркетинг фестивали како Кактус, Golden Drum и МОМ.

2023

Пакет за жени претприемачки

Халкбанк воведе пакет за жени претприемачки како поддршка на жените во бизнисот. Под платформата ХалкЕко, беше организирана велосипедската трка Халк Вело Грин, со средства насочени за пошумување во Берово. Банката продолжи да ги поддржува спортот, културата и општеството преку партнерства, настани и проекти.

2022

Кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“

Под кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме,“ Халкбанк ја истакна важноста на повозрасните генерации и нивната мудрост. Банката доби награди за најдобра општествено одговорна практика во домен на заштита на животната средина – ХалкЕко, од Министерство за Економија, и награда за најдобар општествено одговорен проект со значаен импакт во домен на книжевност и литература за млади – Сликовницата на Халки, од Македонска Издавачка Агенција.

2021

Пошумување и општествени проекти

Халкбанк засади над 15.000 дрвја, создаде детски игралишта и поддржа образовни проекти. Второто издание на Халк Вело Грин собра средства за пошумување на одредени делови во земјата. Прогласена за „Најдобар финансиски бренд во Македонија“ од Global Brands Magazine.

2020

Поддршка за клиенти за време на пандемија

Како прва банка во земјата, понуди одложување на кредитните обврски за 6 месеци за време на пандемијата. Воведени се бесплатни електронски трансакции, а преку ХалкЕко беа засадени над 17.000 садници.

2019

HalkEco и засадување

Лансирана апликацијата HalkEco за подигање на еколошката свест и засадени над 6.500 дрвја. Банката доби признание за општествена одговорност од магазинот Story и беше прогласена за „Супер бренд“ за 2019 година.

2018

Спонзорство и проширување

Халкбанк стана официјален спонзор на Националната ракометна федерација и купи осигурителна компанија Халк Осигурување Скопје.

2011–2017

Раст, награди и ребрендинг

Банката доби признанија како „Најдобра банка за МСП за 2017 година" од водечкото светско списание Global Banking & Finance Review и Superbrand за 2017/18 година; отвори прво банкарско претставништво во Белград; ја зголеми мрежата на услуги и капиталот, и имплементираше највисоки стандарди за безбедност како 3D Secure и PCI DSS v3.1. Во 2011 година ХАЛКБАНК го купува мнозинството на акции од ИК Банка во висина од 91,6% и се комплетира ребрендинг процесот. Во 2012 година Халкбанк се спојува со Зираат Банка АД Скопје и ја отвора првата VIP Корпоративна филијала на македонскиот пазар.

2000–2010

Награди и стандарди

Најдобра Банка во Македонија од страна на Finance Central Europe магазинот од Лондон. Имплементирање на ISO Standard for Information Security Management ISO 27001:2005. Имплементирање на електронско банкарство и прогласена за Банка на годината од страна на Стопанска Комора на Р.Македонија.

1993–1998

Основање и партнерства

Основана како акционерско друштво, Халкбанк стана првиот официјален претставник на Western Union во Македонија.

Структура на банката

ХАЛКБАНК АД Скопје е основана како акционерско друштво во Март 1993 година, со одлука усвоена од страна на Собранието на банката.

Моментално, вкупниот номинален капитал на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје изнесува 12.846.910.000 денари поделен на 1.284.691 обични акции, чија номинална вредност по акција изнесува 10.000 денари. Мнозински акционер на Халкбанк АД Скопје е ХАЛКБАНК Турција (Turkiye Halk Bankası A.Ş.) со 1.279.905 обични акции, односно 99,63% од вкупниот број на акции.

Акционерска структура Број на акции Вредност на уделот (мкд)
Халкбанк Турција (Türkiye Halk Bankası A.Ş.) 1.279.905 12.799.050.000
Други акционери 4,786 47,860,000
Тотал 1.284.691 12.846.910.000