Придобивки за нашите вработени

Како одговорен работодавач, ХАЛК БАНКА обезбедува сеопфатен пакет на бенефиции насочен кон здравјето, благосостојбата и финансиската сигурност на нашите вработени. Приватното здравствено осигурување и надоместокот за учество во професионална пензиска шема се дел од нашата посветеност да обезбедиме сигурност и поддршка – денес и на долг рок.

Посветеноста, ангажманот и постигнатите резултати ги препознаваме и вреднуваме преку транспарентен систем на наградување и бонуси, кој ги поттикнува индивидуалните достигнувања и придонесот кон заедничките цели.

Развој и можности за кариера

Веруваме дека растот на нашите вработени е двигател на растот на Банката. Затоа континуирано инвестираме во нивниот професионален развој преку стручни обуки, едукации и можности за кариерен напредок, создавајќи услови секој да го надградува своето знаење, да ги развива своите вештини и да го остварува својот потенцијал.

Култура на соработка и заедништво

Нашата организациска култура се темели на динамична и продуктивна работна атмосфера која поттикнува иницијативност, иновативност и тимска соработка. Веруваме дека силните тимови се создаваат преку доверба, отворена комуникација и заеднички искуства.

Затоа редовно организираме тим-билдинг активности и спортски настани, обезбедуваме термини за тимски спортови и дружења, создавајќи можности за поврзување, зајакнување на тимскиот дух и градење уште посилни односи меѓу колегите.

Благосостојба и баланс

Посветени сме на создавање услови за подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. Во рамките на Централната зграда, на нашите вработени им се достапни современо опремен фитнес-центар, обезбедени термини со фитнес тренер-инструктор, просторија за дневен одмор и рекреација, како и кантина.

На овој начин создаваме средина која поддржува здрави навики, релаксација и поголем секојдневен комфор во текот на работниот ден.

Заедно го градиме успехот

Во ХАЛК БАНКА создаваме работна средина во која професионалниот развој, грижата за луѓето и заедничките вредности се неразделен дел од нашето секојдневие.

Затоа што веруваме дека вистинскиот успех не се мери само преку деловните резултати, туку и преку луѓето со кои ги постигнуваме. Нашите вработени се нашата најголема вредност и основата на нашиот заеднички успех.

career people