Предлог за дополнување на Дневниот ред за усвојување на Одлука по предложена точка на дневниот ред на Вонредното Собрание на акционери на ХАЛК БАНКА АД Скопје
Врз основа на член 390 став 4 од Законот за трговските друштва на Република Северна Македонија, Туркије Халк Банкаси АШ Истанбул (Türkiye Halk Bankası AŞ Istanbul), како сопственик на 1.402.905 обични акции со право на глас и акционер кој поседува повеќе од 5% од вкупниот број на акции, односно поседува 99,66% од вкупниот број на акции, поднесува предлог за дополнување на Дневниот ред со Барање за дополнување на Дневниот ред на Вонредното Собрание на акционери на ХАЛК БАНКА АД Скопје закажано за ден 17.10.2025 година.
Со Барањето, акционерот предлага во Дневниот ред на Вонредното Собрание на акционери на ХАЛК БАНКА АД Скопје, кој беше објавен на ден 17.09.2025 година во дневниот весник “Нова Македонија”, да се дополни втората точка од дневниот ред со нова предлог Одлука која ќе гласи:
2. Донесување на Одлука за Именување на членови на Надзорниот одбор на Халк Банка АД Скопје.
Врз основа на горенаведеното, за работа на Вонредното Собрание на акционери на ХАЛК БАНКА АД Скопје со седиште на ул. Св. Кирил и Методиј бр.54 Скопје, кое ќе се одржи на 17.10.2025 година со почеток во 10.00 часот во просториите на Дирекција 2 на Халк Банка АД Скопје на Ул. Водњанска бр.1/2 во Скопје, Надзорниот одбор на ХАЛК БАНКА АД Скопје го предлага следниот:
Ревидиран Дневен ред
I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
- Отварање на состанокот;
- Утврдување на кворум;
- Избор на Претседавач на Собранието, записничар и бројач на гласови;
- Усвојување на дневниот ред;
II. РАБОТЕН ДЕЛ
- Усвојување на Записникот од Редовното Собрание на акционери на Халк Банка А.Д. Скопје одржано на ден 20.06.2025 година;
- Донесување на Одлука за именување на членови на Надзорен Одбор;
- Разно;
Останатите одредби од Јавниот повик објавен на 17.09.2023 година во дневниот весник “Нова Македонија” остануваат непроменети.
Се повикуваат акционерите на Халк Банка А.Д. Скопје да присуствуваат и учествуваат на работата на Вонредното Собрание. Секој акционер што има намера да учествува на свиканото Вонредно Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Вонредно Собрание или со претходно доставување на писмена пријава за учество на адресата на Банката:
Халк Банка АД Скопје
ул. Св. Кирил и Методиј бр.54, 1000 Скопје
Со назнака “за Вонредно Собрание на акционери”
Секој акционер може да овласти со писмено полномошно заверено на нотар друго физичко или правно лице како свој полномошник коешто ќе учествува и ќе гласа на седницата на Вонредното Собранието во негово име.
Акционерите што поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акциите со право на глас, можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Вонредното Собрание да предложат дополнување на дневниот ред на Вонредното Собрание со барање за вклучување нови точки на дневниот ред и да предложат за усвојување одлуки по секоја точка кое се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на свиканото Вонредно Собрание.
Акционерите можат да гласаат по точките од дневниот ред објавени во Јавниот повик и со пополнување на Образец за гласање со кореспонденција, кој е објавен на интернет-страницата на Банката на следниот линк: https://halkbank.mk/.
Уредно пополнетиот Образец за гласање со кореспонденција, акционерите треба да го достават во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционерот-физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот правно лице.
Заради идентификација, заедно со пополнетиот Образец за кореспонденција, акционерот-физичко лице потребно е да достави и копија од документ за идентификација, односно акционерот-правно лице е потребно да достави и копија од важечка тековна состојба на правното лице и копија од документ за идентификација на законскиот застапник на правното лице. Пополнетиот Образец за кореспонденција во оригинал и во прилог со погоре наведените документи за идентификација, со назнака “за Вонредно Собрание на акционери” треба да бидат примени во седиштето на Халк Банка АД Скопје, на улица “Св. Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна еден работен ден пред денот на одржување на седницата.
Предлагањето точки/одлуки по дневен ред се врши со писмено известување доставено на горенаведената адреса на Банката. Предлогот се доставува во писмена форма во оригинал, со пополнето цело име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице односно назив, седиште, печат, цело име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.
Заедно со барањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветна документација за идентификација и тоа:
- За акционер физичко лице се приложува:
- Копија од важечка лична карта или пасош
- За акционер правно лице се приложува:
- Последна Тековна состојба на друштвото издадена од Централен регистар во оригинал и
- Копија од важечка лична карта или пасош на законскиот застапник на правното лице.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно со Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Акционерите можат да се запознаат со материјалите од дневниот ред по кој ќе работи Вонредното Собрание и со дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва во просториите на Халк Банка АД Скопје секој работен ден од 08.30 до 15.00 часот или по претходно барање на акционерите материјалите ќе бидат доставени по електронски пат, на електронска адреса доставена од страна на акционерот.
Надзорен Одбор на Халк Банка А.Д. Скопје